понеделник, 18 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

понеделник, 18 август, 2025 | 10:39
in Вести, Струмица
Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

По распишувањето на Локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, одново се активира Координативното тело за постапување по претставки врз основа на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, како механизам за заштита и почитување на правото на слобода на изразување и информирање, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и македонските закони.

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Електронската адреса за поднесување претставки е: [email protected]

Координативното тело е составено од претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Фондацијата „Метаморфозис“. За координаторка е избрана Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, а заменичка – координаторка е Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис.

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, усвоен во септември 2023 година, се однесува на политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати во онлајн просторот (вклучувајќи и на социјалните мрежи), интернет-изданијата на радиодифузерите, онлајн-медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз граѓаните и нивното гласачко право.

Почитувањето на Кодексот се очекува да обезбеди интегритет на информациите во текот на изборниот процес, транспарентност на политичкото рекламирање, безбедност на личните податоци и спречување на ширење дезинформации, говор на омраза, ксенофобија, нетрпеливост, страв или тензии што ја поткопуваат демократијата.

Координативното тело ги охрабрува сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат, заложувајќи се за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Пристапицата кон Кодексот се наоѓа онлајн на: Пристапување кон кодексот – Изборен Кодекс

Повеќе детали прочитајте на: Кодекс за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

ShareTweetShare
Previous Post

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

Related Posts

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22
Во Струмица вчера казнети 35 возачи за брзо возење
Босилово

Во сообраќајка на патот Босилово – Радово повредени две лица

недела, 17 август, 2025 | 16:43
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

40-годишна жена пријавила дека снаата физички го малтретирала своето тримесечно бебе

недела, 17 август, 2025 | 15:37
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Босилово

Сообраќајка помеѓу трактор и товарно возило – тешко повреден 77-годишен жител на Секирник

недела, 17 август, 2025 | 14:54
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Времето утре променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

недела, 17 август, 2025 | 12:17

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist