Центарот за култура „Антон Панов“ Струмица во вторник, 24 октомври од 20:00 часот ќе го прикажува филмот – комедија „Роден лажго“ со францускиот актер Тарек Будали, а во режија на Оливер Барулогс.
Жером е 30-годишник, кој се занимава со продажба на јахти во Ница. Но што повеќе време поминуваат со него, луѓето откриваат дека тој е астронаут, шампион во карате, пријател со мис Универзум… Всушност Жером е компулсивен лажго. Еден ден кога ќе се разбуди му станува јасно дека сите негови лаги стануваат вистина, и тогаш почнуваат вистинските проблеми…
Вторник, 24 октомври | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица | Влезница: 200 денари