Одбојкарите на Струмица со победа од 3:1 над освојувачот на Купот на ОФМ, Штип УГД го почна големото финале на домашното првенство. Во првиот натпревар вечерва во Спортската сала „Парк“, Шампионот ОК „Струмица“ успеа да дојде до посакуваниот успех и да ја поведе серијата до три победи.
Финалната серија се сели во Штип, каде во петок ќе се одигра вториот натпревар од финалето. Титулата Шампион ќе ја освои екипата која ќе освои три победи во меѓусебните финални пресметки.