Одбојкарите на „Струмица Никоб“ го продолжуваат патот до деветтата титула во македонскиот одбојкарски Куп.
На завршниот турнир во Радовиш, актуелниот шампион го совлада „Универзитет во Тетово“ со 3:0 (25:19, 25:11, 25:23), па за противник во саботното финале го чека подобриот од соочувањето помеѓу ГОК „Борец“ и „Шкендија“.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								