петок, 6 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Одбележување: 22 години од убиството на македонските бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов

петок, 23 јуни, 2023 | 12:23
in Вести, Струмица

Пред Споменикот на загинатите бранители Атанас Јанев и Кољо Китанов на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 22-годишнина од загинувањето на младите македонски бранители, Атанас Јанев од Струмица, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, кој загина на 23 јуни 2001 година во битката за Арачиново на возраст од 25 години и Кољо Китанов од Сарај, кој беше убиен на 6 јуни 2001 година на неполни 20 години од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре.

Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР Струмица, на борците и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Трендова, член на Советот на општина Струмица.

„Во еден ист месец, во таа морничава 2001 година, згаснаа соништата на двајца млади бранители од Струмица и струмичко. Тие соништа никогаш не го дочекаа своето јаве, па токму затоа, ние, нашата Струмица и нашата македонска татковина, должни сме да ги чествуваме имињата на Атанас Јанев и Кољо Китанов и да го чуваме и негуваме споменот за нив. Во нивна чест, пред 16 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нашиот незаборав. Споменикот во форма на жена-пеперутка, како симбол на повторното раѓање и новиот живот, нека биде фениксот кој се издигнува од пепелта и продолжува да живее, како што живее споменот на нашите двајца бранители, носители на Медалот за храброст“, кажа Трендова.

Во чест на бранителите Јанев и Китанов, беше изведен и рецитал од рецитаторите при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 22 години и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.

Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година на 20-годишна возраст. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина.

ShareTweetShare
Previous Post

Фондацијата „Елеуса“ организираше трибина – Вистинското лице на „Родот“

Next Post

Вечерва е полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ – струмичанката Славица Ангелова ќе се бори за влез во финале

Related Posts

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола
Вести

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

четврток, 5 јуни, 2025 | 13:27
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist