вторник, 26 септември 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ од Македонија

Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб

петок, 3 март, 2023 | 09:41
во ВЕСТИ од Македонија
Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб

Владата, на синоќешната седница донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед, базирана на законски основи.

Со одлуката, се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, согласно владината одлука, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80 проценти од белиот и полубелиот леб (сечен на парчиња или цел).

Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот или полубелиот леб (сечен на парчиња или цел), во количина од најмалку 80 проценти од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците посочени во оваа одлука, за испорачаните видови леб посочени во оваа одлука, на производителот на лебот, треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на фактурата за испорачаниот леб.

Одлуката е на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува до 31 мај 2023 година.

Во образложението на одлуката, којашто ја предложи Министерството за економија, е наведено дека според членот 29 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај на сериозни пореметувања на домашниот пазар поради недостаток на стоки неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните и нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Имајќи го предвид наведеното, според членот 30 став 1 алинеја 6 од Законот за трговија, Владата може да определи обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Врз основа на податоци од извршен инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија соопшти дека се утврди сериозни пореметувања на домашниот пазар во градовите Скопје и Тетово, поради недостаток на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел), за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 28 февруари 2023 година.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Во прекин патниот правец Струмица – Ново Село кај „Робовска крстосница“

СЛЕДНА ОБЈАВА

Маестрални како и секој настап во живо – Концерт на Ленче, Горан и „Јупитер“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

IN MEMORIAM Почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски
ВЕСТИ од Македонија

IN MEMORIAM Почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски

недела, 11 јуни, 2023 | 12:41
Голема акција во Македонија: Сузбиена меѓународна група за шверцување мигранти, приведени 10 лица
Вести

Голема акција во Македонија: Сузбиена меѓународна група за шверцување мигранти, приведени 10 лица

понеделник, 5 јуни, 2023 | 14:26
За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи
ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

петок, 26 мај, 2023 | 08:43
Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
ВЕСТИ од Македонија

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

среда, 24 мај, 2023 | 06:39
Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов
ВЕСТИ од Македонија

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

понеделник, 22 мај, 2023 | 10:16
Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство
ВЕСТИ од Македонија

Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство

вторник, 16 мај, 2023 | 18:16

ТОП ВЕСТИ

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Во Струмица приведен крадец кој пред три дена од казино во Босилово украл пари
Со велосипедско дефиле во Струмица одбележан Светскиот Ден без автомобили и Европската недела на мобилност

ВЕБ БИЛБОРД

Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново
Стенд-ап со актерот Бојан Велевски на 22 септември во Струмица
Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица
Хуманитарен концерт во четврток на Здружението „Хуманост“
Во вторник без струја Моноспитово, Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist