Новогодишната магија повторно се враќа во срцето на Струмица. Во периодот од 27 до 30 декември 2025 година, кај новогодишната елка на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи Новогодишниот базар 2025, со разновидна програма за деца и возрасни, музички настапи и празнична атмосфера.
Програмата започнува во сабота, 27 декември, со детска забава од 12:00 часот со Кристијан Венито, а од 13:00 часот настап ќе има Славица Ангелова.
Во недела, 28 декември, од 13:00 часот е предвидена „Новогодишна магија со Дедо Мраз“, со забава со Стојне, диџеј и маскоти, а од 14:00 часот ќе настапи групата Ana and the Girls.
Понеделник, 29 декември, е резервиран за музичка програма со настап на Теодора и бенд од 16:00 часот, а од 18:00 часот следува настанот „One Way – порака за Дедо Мраз“.
Новогодишниот базар ќе заврши во вторник, 30 декември, со GRIN-G Winter street festival, кој ќе се одржува од 14:30 до 18:00 часот.
Општина Струмица ги покануваат сите граѓани да бидат дел од празничната атмосфера и да се приклучат на новогодишните случувања.
„Се гледаме кај елката!“ е пораката со која Струмица го најавува крајот на годината во празничен дух.






























