сабота, 18 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home ВЕСТИ од Македонија

Новинарски протест: Солидарно до поголеми права за медиумските работници

петок, 17 февруари, 2023 | 14:21
in ВЕСТИ од Македонија
Новинарски протест: Солидарно до поголеми права за медиумските работници

„Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, „Работиме за граѓаните, не за политичарите“, „Ако ја ограничите нашата слобода, ја загрозувате вашата“, „Без локални медиуми вистината не е целосна“, се дел од пораките кои денеска новинарите и снимателите ги испратија од пред Владата и Собранието.

На денот кога се одбележуваат 77 години од постоењето на Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), заеднички го изразија незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

Пораките на ЗНМ и ССНМ беа испратени преку јавно обраќање на претседателите на двете здруженија, како и преку новинари и медиумски работници кои беа жртви на физички и вербални напади.

До Владата и до Собранието на РСМ беа доставени барања:

  • Да престане негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори, политичари
  • Крај на агресивниот државен пи-ар
  • Поддршка за колегите од внатрешноста во насока на изнаоѓање системско решение за квалитетна новинарска содржина и достоинствени плати
  • Обезбедување услови за квалитетни професионални новинарски продукти, за традиционалните, но и за новите медиуми
  • Имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера, за обезбедување независно и функционално работење на јавниот сервис и регулаторот
  • Брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите

Во своето обраќање пред колегите и медиумите, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски порача:

„Бараме почит за новинарската професија, нас никој не смее да не потценува и навредува затоа што ние работиме за граѓаните.  Излегуваме за да потсетиме дека новинарството е јавно добро, тоа не им припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите, туку им припаѓа на новинарите и новинарките. Вака веќе не може… Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, државниот Пи/ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде.Ова мора да се промени“.

Пред присутните се обрати и претседателот на ССНМ Павле Беловски кој рече: „Како ни трули cрцевината на нашата професија. Тие работат во навистина тешки услови, со се помалку кадар, со ниски плати, и нивната социо-економска состојба е незавидна. Затоа и се повеќе се чувствува недостатокот на локални теми, на известувања од локалните заедници што претставува сериозен недостаток во една демократија. Сметаме дека е повеќе од итно да се донесат решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници од внатрешоста. Решенија кои ќе бидат системски, законски, а не парцијални. Решенија со кои работодавците ќе добијат квалитет, а нашите колеги сигурност. Бараме услови, а не милостина“.

Пред Собранието на присутните медиумски работници им се обратија, Сенат Зулбеари потпретседател на ЗНМ, новинарите Сашка Цветковска, Душица Мрѓа, Славица Филиповска, Жанета Здравковска во име на регионалните центри на ЗНМ, Ведут Османи од секцијата на сниматели. Беа испратени пораки за решавање на дел од предизвиците со кои се соочуваат новинарите, за прекин на тужбите кон нив како и за подобрување на условите во кои работат и младите новинари во целата држава.

ShareTweetShare
Previous Post

Хрватската амбасадорка Тигањ во посета на Струмица

Next Post

Во понеделник прекин на електричната енергија на улиците „Атанас Караманов“ и „Ката Поцкова“ во Струмица

Related Posts

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
Вести

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

понеделник, 30 јуни, 2025 | 10:18
Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+
ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

вторник, 29 април, 2025 | 13:11
Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата
Вести

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

понеделник, 21 април, 2025 | 13:56

ТОП ВЕСТИ

Струмичанец пукал со воздушна пушка кон боци со плин на бензинска станица
Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Велес, загина маж, а 18-годишно момче од Струмица е тешко повредено
Јасмина Вучкова од струмичкиот театар со награда на МТФ „Денови на комедија“ – Куманово 2025

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Даскаловски ги обедини поранешните и сегашните социјалдемократи во Струмица

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков најави промени и нова енергија за општина Струмица

Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist