Се попопуларната струмичанка, победничка на „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова денеска беше во новоотворениот Клуб на деца и младинци со Даун синдром – „Деца на сонцето“ во Струмица.
Таа цели три часа се дружеше со нив, пееја, играа, цртаа, а дојде со торта, на Верче и било роденден, 16-ти. Пријатно ја изненади, сите ја вкусија, се освежуваа со сокче и вода на овие горештини.
Славица од секогаш им била голема поддршка на децата со Даун синдром. Вели дека секогаш ќе биде со нив и ќе ги поддржува во се. Најави дека ќе се дружат и понатаму и во други прилики, не само во новоотворениот клуб, туку и на јавни настани што ќе се организираат за нив.
Од Клубот и се заблагодаруваат на Славица за денешната посета и што оддели време да биде со децата со Даун синдром. И посакуваат успешна кариера, а тие секогаш ќе ја бодрат и ќе ги очекуваат нејзините нови песни за да ги слушат и пејат.