По повод одбележувањето „Недела на италијанската кујна“ и Кандидатурата на италијанската кујна за нематеријално наследство на УНЕСКО, Здружението „Кво Вадис Ад Астра“ од Струмица со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија и Општина Струмица, на 23 ноември (четврток), во ресторанот на „Вила Парк“ организира Италијанска вечер „La magia della cucina italiana“.
Гостин ќе биде Мастер пица шеф, Џовани Маскари – шеф со 5 ѕвезди. Ја има патентирано иновативната „Суши пица Карбонара“, која овој период е тренд во Италија и ќе ја подготвува на оваа Италијанска вечер во „Вила Парк“.