По повод Денот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица на 26 април (сабота) со почеток во 20:00 часот на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде изведена комедијата „Моите бебиња“, по текст на Маргарет Мејо, во режија на проф. Гордана Донева, а во изведба на ученици од СОУ „Јане Сандански“.
Влезниците по цена од 200 денари ќе можат да се купат во училиштето СОУ „Јане Сандански“.