Недела, 28 Мај 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА НАЈАВА

На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“

Сабота, 1 Април, 2023 | 09:16
во НАЈАВА, НАСТАНИ
На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“

Во организација на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица на 13 април (четврток), во 13:00 часот ќе биде промовираната книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов. Промотори ќе бидат: Иван Котев, Јордан Стојаноски и Ана Витанова Рингачева. Модератор: Ѓорѓи Калајџиев, музичка илустрација на гитара: Слободан Ѓошиќ.

Антон Панов е роден на 13 Април 1906 година во град Дојран во многучленото сиромашно семејство на Ѓорѓи (Ѓуро) Панов. Како и многу млади Македонци од тоа време и неговиот животен пат беше определен мачно да го пробива за своја животна егзистенција. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по Илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затворани и испраќани на заточеништво. И таткото на Антон Панов, Ѓуро бил затворен и испратен на заточение во Беаз – Куле во Солун.

Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации.

Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает – трговијата. Нижите одделинија ги завршува во родното си место, но поради рушењето на градот Дојран во 1916 година неговото семејство се преселува во Струмица и овде ги завршува вишите одделенија и 1-ви клас гимназија. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите пиетет од VI и VII клас. Паралелно со подготвувањето на испитите го посетува и средното музичко училиште во кое учи виолина и соло пеење. Поради неговиот нескротлив темперамент не го завршува гимназиското и музичкото образование. Тоа е и причина да дојде во судир со својот татко кој му откажува понатамошна материјална поддршка. За да опстане Панов се вработува во хорот на Белградската Опера каде минува цели тринаесет години. И тука му се вродува љубовта спрема театарската уметност, односно оттогаш почнува неговата работа на литературното поле и проучувањето на македонското фолклорно богатство.

Почина по тешка болест на 28 август 1968 година.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“

Понеделник, 22 Мај, 2023 | 10:30
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
НАЈАВА

На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“

Сабота, 20 Мај, 2023 | 16:10
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
НАЈАВА

Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров

Четврток, 18 Мај, 2023 | 12:32
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
НАЈАВА

На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“

Вторник, 16 Мај, 2023 | 15:15
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица
Вести

Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

Вторник, 9 Мај, 2023 | 18:36
Коалиција за заштита на децата и Елеуса Фондација организираат проекција на филмот „Што е жена?“ на Мет Волш во Струмица
Вести

Коалиција за заштита на децата и Елеуса Фондација организираат проекција на филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш во Струмица

Петок, 5 Мај, 2023 | 20:29

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова меѓу 60-те уметници на Софискиот фестивал за хартиена уметност
Општина Струмица додели Плакети и Признание на најдобрите просветни работници во чест на браќата Кирил и Методиј
Исчистен е просторот од некогашната „маларична“ болница, теренот е подготвен за изградба на спортско игралиште и паркинг

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist