четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home НАЈАВА

На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“

сабота, 1 април, 2023 | 09:16
in НАЈАВА, НАСТАНИ
На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“

Во организација на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица на 13 април (четврток), во 13:00 часот ќе биде промовираната книгата „Мисли и размислувања“ од Антон Панов. Промотори ќе бидат: Иван Котев, Јордан Стојаноски и Ана Витанова Рингачева. Модератор: Ѓорѓи Калајџиев, музичка илустрација на гитара: Слободан Ѓошиќ.

Антон Панов е роден на 13 Април 1906 година во град Дојран во многучленото сиромашно семејство на Ѓорѓи (Ѓуро) Панов. Како и многу млади Македонци од тоа време и неговиот животен пат беше определен мачно да го пробива за своја животна егзистенција. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по Илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затворани и испраќани на заточеништво. И таткото на Антон Панов, Ѓуро бил затворен и испратен на заточение во Беаз – Куле во Солун.

Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации.

Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает – трговијата. Нижите одделинија ги завршува во родното си место, но поради рушењето на градот Дојран во 1916 година неговото семејство се преселува во Струмица и овде ги завршува вишите одделенија и 1-ви клас гимназија. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите пиетет од VI и VII клас. Паралелно со подготвувањето на испитите го посетува и средното музичко училиште во кое учи виолина и соло пеење. Поради неговиот нескротлив темперамент не го завршува гимназиското и музичкото образование. Тоа е и причина да дојде во судир со својот татко кој му откажува понатамошна материјална поддршка. За да опстане Панов се вработува во хорот на Белградската Опера каде минува цели тринаесет години. И тука му се вродува љубовта спрема театарската уметност, односно оттогаш почнува неговата работа на литературното поле и проучувањето на македонското фолклорно богатство.

Почина по тешка болест на 28 август 1968 година.

ShareTweetShare
Previous Post

Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран

Next Post

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија

Related Posts

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
Вести

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

вторник, 18 ноември, 2025 | 09:06
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Вести

MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

понеделник, 17 ноември, 2025 | 22:53
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Вести

Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

понеделник, 10 ноември, 2025 | 11:07
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Вести

Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица

недела, 9 ноември, 2025 | 09:46

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist