Четврток, 1 Јуни 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

Вторник, 28 Март, 2023 | 09:53
во Вести, Струмица
На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден пред 8 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски.

„Иван Василевски од зборот направи зборопис, налик на фрескоживопис. Човек кој што калигравски го извади зборот за да ги создаде најубавите поетски изблици. Таа поезија е на некој својствен начин посебна, единствена, оригинална“ – ќе рече д-р Ана Витанова Рингачева за Иван Василевски.

Пред пет години група струмички поети формираа Друштво за наука, литература, култура и уметност, кое го носи името Иван Василевски, а во негова чест и спомен во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена Спомен соба на македонскиот поет и новинар, кое е и седиште на оваа друштво што го негува споменот на Василевски.

Иван Василевски роден е во селото Босилово, струмичко, во 1947 година. Работеше како новинар во Македонското радио – Радио Скопје, беше директор на некогашната Радио Струмица, дописник на некогашната југословенска новинска агенција ТАНЈУГ, а пред пензионирањето работеше во Македонската информативна агенција МИА. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и активен член во работните тела на Друштвото на писателите на Македонија. Во два мандата беше член на Претседателството на ДПМ.

Иван Василевски е автор на книгите „Привев во тишината“, „Црнорисци“, „Куќа на ѕвездите“, „Заточени души“, „Утки“, „Наташа“, „Поеми за тишината“, „Потомците на Чрт“ и „Одмеѓување на светот“. Автор е на романот „Антон Хлебец“, на драмата „Лоза“ и на повеќе монографски и медијавистички изданија. Добитник бил на високи книжевни изданија, меѓу кои и на „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и наградата „Дијалог“.

Иван Василевски е добитник на наградата за животно дело во 2013 година на Општина Струмица, за посебен придонес во областа на литературата, публицистиката и новинарската професија.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Концерт – „Нем филм во четири“

СЛЕДНА ОБЈАВА

КОМУНАЛЕЦ: Новите канти за пластика ќе се подигаат од дворовите на домаќинствата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“
Вести

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“

Среда, 31 Мај, 2023 | 20:23
Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите
Вести

Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:53
Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица
Вести

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:14
Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство
Вести

Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство

Среда, 31 Мај, 2023 | 17:08
По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Вести

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

Среда, 31 Мај, 2023 | 15:38
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
Вести

Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“

Среда, 31 Мај, 2023 | 14:34

ТОП ВЕСТИ

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
„Вознемирена земја“ во ко-авторство на струмичанката Кумјана Новакова номиниран за награда за најдобар документарен филм на Doc Alliance

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist