четврток, 18 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

вторник, 28 март, 2023 | 09:53
in Вести, Струмица
На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден пред 8 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски.

„Иван Василевски од зборот направи зборопис, налик на фрескоживопис. Човек кој што калигравски го извади зборот за да ги создаде најубавите поетски изблици. Таа поезија е на некој својствен начин посебна, единствена, оригинална“ – ќе рече д-р Ана Витанова Рингачева за Иван Василевски.

Пред пет години група струмички поети формираа Друштво за наука, литература, култура и уметност, кое го носи името Иван Василевски, а во негова чест и спомен во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена Спомен соба на македонскиот поет и новинар, кое е и седиште на оваа друштво што го негува споменот на Василевски.

Иван Василевски роден е во селото Босилово, струмичко, во 1947 година. Работеше како новинар во Македонското радио – Радио Скопје, беше директор на некогашната Радио Струмица, дописник на некогашната југословенска новинска агенција ТАНЈУГ, а пред пензионирањето работеше во Македонската информативна агенција МИА. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и активен член во работните тела на Друштвото на писателите на Македонија. Во два мандата беше член на Претседателството на ДПМ.

Иван Василевски е автор на книгите „Привев во тишината“, „Црнорисци“, „Куќа на ѕвездите“, „Заточени души“, „Утки“, „Наташа“, „Поеми за тишината“, „Потомците на Чрт“ и „Одмеѓување на светот“. Автор е на романот „Антон Хлебец“, на драмата „Лоза“ и на повеќе монографски и медијавистички изданија. Добитник бил на високи книжевни изданија, меѓу кои и на „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и наградата „Дијалог“.

Иван Василевски е добитник на наградата за животно дело во 2013 година на Општина Струмица, за посебен придонес во областа на литературата, публицистиката и новинарската професија.

ShareTweetShare
Previous Post

Концерт – „Нем филм во четири“

Next Post

КОМУНАЛЕЦ: Новите канти за пластика ќе се подигаат од дворовите на домаќинствата

Related Posts

ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist