вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

На денешен ден во 1989 година починал првенецот на струмичкиот Народен театар, актерот Александар Думов

четврток, 24 ноември, 2022 | 09:47
во Вести, Струмица
На денешен ден во 1989 година починал првенецот на струмичкиот Народен театар, актерот Александар Думов

На денешен ден (24 Ноември 1989 година) во Скопје починал Александар Думов – актер, првенец на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица.

Роден 25.02.1923 година во Струмица. Пионер на театарската дејност во Струмица. Над четири децении беше еден од столбовите на Струмичкиот театар. Во повеќе наврати бил и директор. Дел од својата артистичка кариера ја поминал во Велешкиот и Битолскиот театар.

Од 1 Мај 1949 година, кога со премиерата на „Бегалка“ свечено беше отворен Градскиот народниот театар во Струмица, па до пензионирањето, играл речиси во сите претстави, а во многу од нив ги толкувал главните улоги. Незаборавни ќе останат особено неговите актерски креации во текстовите од комедиографскиот жанр. Остварил над 200 улоги, а од нив позначајни се во претставите: „Смеа низ сокаците“, „Дамки“, „Соблазна во Шентфлоријанската долина“, „Тутунскиот пат“, „Сенката“, „Сомнително лице“, „Нороден пратеник“, „Женидба“, „Лажа и паралажа“, „Чорбаџи Теодос“, „Измама“, „Антица“, Поп Киро и поп Спиро“, „Нажалена фамилија“, „Власт“, „Покондирена тиква“, „Кир Јања“, „Чест“, „Женачка и мажачка“, „Македонска крвава свадба“, „Госпоѓа министерка“, „Бегалка“, „Големата игра“, „Смртта на Тарелкин“, „Дундо Марое“, „Протекција“ и други.

Во струмичкиот Народен театар „Антон Панов“ режирал повеќе претстави.

На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ги освоил наградите за актерски остварувања во претставите: „Смеа низ сокаците“ (Спиридон и Шликачот, 1969), „Дамки“ (Ставре, 1971), „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ (Ѓаволот, 1975), „Сенката“ (Даскалот, 1988).

Актерот Александар Думов е добитник е на Годишната награда на Општина Струмица.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Учесниците на Буџетскиот форум ги избраа трите приоритетни проекти за реализација следната 2023 година во општина Струмица

СЛЕДНА ОБЈАВА

Објавен е повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Василево

Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

недела, 1 октомври, 2023 | 22:24
Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица
Вести

Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица

недела, 1 октомври, 2023 | 18:33

ТОП ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist