вторник, 1 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

На денешен ден во 1934-та година е роден еден од најплодните писатели Видое Подгорец од Колешино

сабота, 8 јуни, 2024 | 08:21
in Вести, Ново Село, Струмица
На денешен ден во 1934-та година е роден еден од најплодните писатели Видое Подгорец од Колешино

Пред точно 90 години на денешен, 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино е роден еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни – Видое Подгорец. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи.

Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Потоа, со неполни 16 години, почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на Скопскиот универзитет, па затоа, студирал како вонреден студент. Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Најпрвин, работел како учител, а потоа како наставник и професор, па три години работел како училиштен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“. Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година.

Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската книжевност. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги! Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: српски, хрватски, словенечки, турски, албански, руски, украински, полски, чешки, словачки, бугарски итн. Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, а се занимавал и со книжевна критика и есеистика, а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања по Блискиот Исток. Во продолжение, тој е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со Михо Атанасовски) и „Чудесно патување“. Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца). Во 1969 година, издавачката куќа „Наша книга“ од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.

Во 1966 година, за романот „Белото циганче“, Подгорец добил две награди: наградата „Младо поколение“ за најдобра детска книга во Југославија, како и втората награда на конкурсот за роман на „Детска радост“. Покрај тоа, Подгорец е добитник и на следниве награди:

  • „ТВ Скопје“ за најдобра книга на годината
  • „Курирчек“
  • „Читателска значка“ (Љубљана)
  • Награда „13 ноември“
  • Награда „Климент Охридски“ (1984)

Починал на 14 април 1997 година во Скопје.

Во негова чест веќе 23 години во Струмица и Колешино се одржува Меѓународната манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец“, токму во периодот на неговиот роденден.

ShareTweetShare
Previous Post

Почнаа „средбите под јаворите“ – литературна манифестација во чест на големиот поет Видое Подгорец

Next Post

УХМР: Следува период на многу топло време со температури до 40 степени

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist