Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица – Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица било пукано со огнено оружје.
Во соопштението на СВР Струмица стои само дека „екипа извршила увид и на местото биле пронајдени чаури од огнено оружје, кои биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“. Но кој пукал, каде точно и кон кого, засега нема информации од полицијата.