42 литри на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица изминатите 24 часа, до 07:00 часот утрово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Гевгелија изнесувала 36 литри на метар квадратен, 30 – Радовиш, 29 – Претор, 26 – Битола, 24 – Крушево, 23 – Тополчани, 18 – Попова Шапка, Маврови Анови, 17 – Прилеп, 16 – Демир Капија, 15 – Берово, 14 – Пожаране, Виница, 12 – Тетово, 10 – Штип, Ѓуриште, 9 – Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 – Скопје – Петровец, Куманово, 6 – Скопје, Зајчев Рид, покажуваат податоците на УХМР.




























