вторник, 18 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Најголемите гастрономски асови во Струмица на Манифестацијата „Гастромак и пријателите“ – домаќини младите готвачи од СОУ „Димитар Влахов“

петок, 13 октомври, 2023 | 16:24
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Најголемите гастрономски асови во Струмица на Манифестацијата „Гастромак и пријателите“ – домаќини младите готвачи од СОУ „Димитар Влахов“

Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на 7-то издание на Гастромак, едукацијата за идните готвачи, хотелиери и слаткари, насловена како „Гастромак и пријателите“.

Врвни готвачки имиња од екс-ју просторите: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, како и Уве Мишел, потпретседател на Wacs, светската организација на готвачи, беа со учениците од оваа училиште и одржаа предавања и мастер класови на идните готвачи на Струмица од угостителско-туристичката струка, кои го учат занаетот под менторство на професорката Ивана Петров Ѓорѓиева.

Преку своите инспиративни биографски приказни најголемите гастрономски асови, вистински ѕвезди во гастрономијата посочија колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет.

Учениците имаа можност да дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, од врвните готвачи ги дознаа тајните на медитеранската кујна и разликите помеѓу модерната и традиционална кујна.

„Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години“, кажа претседателката на Гастромак, Адријана Алачки истакнувајќи дека присуството на готвачката елита значи и унапредување на нашата гастрономска сцена.

Заменичката на градоначалникот на општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова ги поздрави гостите и учениците, учесници на оваа манифестација.

„Фактите зборуваат дека Струмица е вистинска „Мека“ кога станува збор за Гастромак и готвачите од земјата, регионот, па и од целиот свет. Имено, ова е третпат Струмица да биде домаќин на „Гастромак“, откако пред тоа, вториот и третиот Интернационален гастрономски натпревар, „Гастромак 2017“ и „Гастромак 2018“ се одржаа во овој наш град. Според ова, кога би се повикале на насловот „Гастромак и пријателите“, произлегува дека еден од најголемите пријатели на Гастромак е токму Општина Струмица“, кажа Магеровска Паликарова.

На повеќе штандови во дворот на СОУ „Димитар Влахов“ беа презентирани повеќе видови храна подготвена од вредните раце на учениците, но и производи од компании со коишто соработува училиштето, а во пресрет на 16 октомври – Светскиот ден на храната.

Инаку врвните готвачки имиња и вчера беа во Струмица, ја посетија фабриката за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци „ГРОЗД“, каде ја „пробаа“ познатата струмичка Мастика, го видоа просецот на производство на овој наш бренд, познат низ светот, но се освежија и со сокот од круша, брендот „Струмка“, штотуку излезен од производствената лента.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Од Струмица започнаа „Walk and Talk“ настаните за подигнување на свеста за менталното здравје

Next Post

Полициски службеници фатиле жител на Банско со огревно дрво натоварени на трактор со приколка, нежигосани и без документи

Related Posts

MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Вести

MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

понеделник, 17 ноември, 2025 | 22:53
Вести

Водата во Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е во исправна состојба и може да се користи за пиење

понеделник, 17 ноември, 2025 | 12:05
За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди
Вести

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

понеделник, 17 ноември, 2025 | 10:55
„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност
Вести

„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност

недела, 16 ноември, 2025 | 17:30
„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица

недела, 16 ноември, 2025 | 17:01
Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist