недела, 9 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Награда за филмот „Молкот на разумот“ на струмичанката Кумјана Новакова на светски фестивал во Амстердам

недела, 19 ноември, 2023 | 14:07
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Награда за филмот „Молкот на разумот“ на струмичанката Кумјана Новакова на светски фестивал во Амстердам

Струмичанката Кумјана Новакова за филмот „Молкот на разумот“ ја доби наградата за најдобра режија во програмската секција Envision на најголемиот светски фестивал за документарен филм ИДФА, во Амстердам. Наградата ја доделува петчлено жири, a фокусот на натпреварувачката програмска секција Envision е на меѓународни или светски премиери на филмови со посмела форма, каде авторите и пристапуваат на реалноста од поинаков агол и ги истражуваат најдалечните граници на документарната уметност.

„Членовите на жирито ја истакнуваат режисерката за нејзиното ригорозно презентирање на форензички докази и неверојатната храброст на жените чие сведочење овозможи силувањето да биде меѓународно признато како воено злосторство. Кумјана Новакова на филмски начин направи овие злосторства никогаш да не ги заборавиме“, пишува жирито во образложението.

Во своето видео обраќање, Новакова истакна дека „Молкот на разумот“ е филм кој е резултат на солидарноста на жените кои не само што ја преживеале војната, туку се издигнале над насилството за да го уништат самиот концепт на насилство.

„Не сакам да зборувам за тоа колку е важен филмот, туку колку е важна солидарноста. Ако имаме барем малку интегритет, сите заедно во еден глас ќе побараме прекин на огнот и ослободување на Палестина веднаш. Не постои историска, политичка или која било друга причина која може да се користи како аргумент за уште еден геноцид да биде на рацете на човештвото. Крај на сите форми на опресија. Крај на сите форми на насилство“ – кажа Новакова.

„Молкот на разумот“ светска премиера имаше летово на Сараевскиот филмски фестивал каде го освои срцето на Сараево за човекови права. Во наредните неколку денови следуваат националните премиери на филмот на Авторскиот филмски фестивал во Белград, на Торино филм фестивал во Италија, во официјалната меѓународна натпреварувачка програма, и во Полска, на WatchDocs фестивалот, во меѓународната натпреварувачка програма. Кон средината на декември филмот ќе има специјална проекција во Скопје. „Молкот на разумот“ е поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција.

 

ShareTweetShare
Previous Post

Тричасовно едукативно предавање во Струмица на проф. д-р Зоран Крстевски

Next Post

„Недела на италијанската кујна“ на 23 ноември во „Вила Парк“

Related Posts

Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Затворен за сообраќај патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

недела, 9 ноември, 2025 | 14:39
Вести

Приведени три лица – кај нив во автомобилот пронајдена марихуана

сабота, 8 ноември, 2025 | 13:53
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“

сабота, 8 ноември, 2025 | 11:40
Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј
Вести

Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј

сабота, 8 ноември, 2025 | 07:53
„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица
Вести

„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица

петок, 7 ноември, 2025 | 14:37
Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Вести

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави

петок, 7 ноември, 2025 | 08:30

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist