Денеска во Струмица пред Домот на АРМ се одржа првиот гастрономски натпревар за средношколци и студенти „Tasty (Вкусно)“.
Млади готвачи од Струмица, Штип, Гевгелија и Кратово имаа можност да ги покажаа своите кулинарски вештини и да подготват вкусни специјалитети. Жирито во состав: Никола Мишковски, Мирко Митровски, Христијан Јорданоски, Кирил Иванов, Зоки Мајновски и Пепи Андонов ги оценуваше, неколку часа ја следеше нивната подготовка и ги избра најдобрите готвачи.
Учесниците ги поздрави заменик градоначалникот на општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова која воедно им ги додели наградите на најдобрите.
„Нашата цел е да ги мотивираме младите генерации на готвачи кои се определиле во оваа област и да придонесеме кон развојот на туризмот и угостителството во општина Струмица“, велат организаторите.
Овој гастрономски натпревар се одржа во организација на Ресторанот „Летница“, во соработка и поддршка на Општина Струмица и СОУ „Димитар Влахов“, а беше во чест на Миро Петров – основач на ресторан „Летница“.