сабота, 13 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Младите струмичани со Даун синдром си добија свое едукативно катче од градот Струмица

вторник, 27 јуни, 2023 | 13:09
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Од денеска во Струмица ќе функционира Клуб за децата и младите со Даун синдром кој е насловен „Деца на сонцето“, а активностите во него ќе ги координира Здружението за поддршка и помош на лица со Даун синдром „Вера“ од Струмица. Овој пилот-проект е финансиран од Општина Струмица и ќе се реализира во наредните 12 месеци со надеж дека ќе продолжи и во наредните години.

За претседателката на Здружението „Вера“, Анче Туфекчиева овој единствен Клуб во Македонија за деца и младинци со Даун синдром, но и на нивните семејства ќе биде катче во кое преку игра, инклузивни и едукативни содржини ќе им овозможува подобри услови и услуги на децата и младинците, како што кажа Туфекчиева, „за да можат да бидат самостојни откако еден ден нас родителите не нема“.

„Јас како родител веќе 16 години живеам со пријателот Даун и ние сме гласни секогаш кога се работи за нашите деца. Даваме пример дека децата ниту се заразни, ниту болни и треба со наша помош, со сечија помош од општеството да си го добијат своето место“, додаде Туфекчиева, потенцирајќи дека во овој Клуб од понеделник до петок стручни лица и тутури ќе работат со овие деца и младинци, ќе се едуцираат и осамостојуваат како личности, а поддршка ќе добиваат и нивните семејства.

„Ова што денеска се случува е потврда дека Општина Струмица ја зајакнува соработката со граѓанските организации, Струмица потврдува дека е грижлив град во кој има место за сите. Како градоначалник сум оптимист дека овој проект кој е пилот проект и ќе трае 12 месеци ќе добие дополнителни средства од Буџетот на општината за наредната година и убеден сум дека советниците ќе изгласат пари за функционирање и по 12 месеци“, кажа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов подарувајќи им го Клубот на децата и младинците со Даун синдром.

Клубот е сместен во повеќенаменскиот социјален центар во зграда на поранешната касарна во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ВИДЕО од отворањето

ShareTweetShare
Previous Post

Дел од „Крушевска Република“ е без вода поради дефект на водоводната мрежа

Next Post

Славица Ангелова седна во автомобилот од „Гранд“, со него се враќа во Струмица

Related Posts

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16
Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Вести

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори

четврток, 11 септември, 2025 | 22:51
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Вести

Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија

четврток, 11 септември, 2025 | 22:08
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот
Вести

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

четврток, 11 септември, 2025 | 12:37
Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53

ТОП ВЕСТИ

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist