четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Младиот фотограф Валентин Малинов постави изложба во Градската уметничка галерија во Струмица

петок, 20 октомври, 2023 | 10:23
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Младиот фотограф Валентин Малинов постави изложба во Градската уметничка галерија во Струмица

Планината Беласица, богата со природни убавини, е мотив за многумина локални фотографи кои инспирацијата за своите уметнички дела ја наоѓаат овекувајќи ја токму неа, создавајќи посебна приказна. Беласица е инспирација и за младиот фотограф Валентин Малинов, родум од Старо Коњарево, древно село вгнездено во падините на оваа планина, кој во сите годишни времиња е таму, ужива и се релаксира во убавините на природата и создава нови фотографски приказни.

Има само 25 години, а веќе пет години својот фотографски објектив го фокусира на диви животни, на птици, на пејсажи. Во секоја фотографија е забележан секој детал за создавање на посебна приказна за фотографијата што ја гледате.

Валентин синоќа своите фотографии ги постави во Градската уметничка галерија на показ пред струмичката јавност. Здружението „Кадро“ од Струмица му организираше изложба со неговите фотографии. Тоа е првата негова изложба, насловена „Присутност“, а реализацијата ја поддржаа Општина Струмица и фондацијата „Елеуса“.

„Освен на Беласица, во Македонија, фотографиите се направени и во Швајцарија, најголемиот дел од животните, како што се лисиците и срните, додека фотографиите со птиците се направени овде во Македонија, покрај нашите реки. Пејсажите не се некој типичен класичен пејсаж, туку некој минимилистички стил со контури кои мене посебно ми се допаѓаат“, вели младиот фотограф Валентин Малинов.

Изложбата „Присутност“ во Градската уметничка галерија во Струмица љубителите на фотографијата, но и на природните убавини ќе можат да ја посетат во наредните десетина дена во периодот од 15:00 до 19:00 часот, а истата е од хуманитарен карактер. Донациите во поставената кутија на влезот во галеријата се наменети за акцијата „Топол оброк за сите“ на Фондацијата Елеуса.

ФОТОГАЛЕРИЈА од изложбата >>>

ShareTweetShare
Previous Post

Градежниците го одбележаа празникот Св. Тома – нов кум на манифестацијата е Игор од „Евроградба Инжинеринг“

Next Post

Приведен крадец во Струмица, украл 179 кутии цигари

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist