Младиот пијанист од Струмица, ученик на основното музичко училиште „Боро Џони“, Стефан Ончев ја освои првата награда на престижниот 20-ти по ред меѓународен натпревар „Даворин Јенко“, кој од 14-ти до 18-ти март се одржува во Белград, Србија.
Стефан наградата ја освои во категоријата за клавир/пијано соло, со 99 поени од масималните 100, а во конкуренција на 61 учесник од неколку земји, младиот струмичанец со своето свирење ги освои срцата и на публиката и на жирито.
Овој меѓународен натпревар го привлекува вниманието на странската музичка јавност со својот професионален, а сепак отворен и флексибилен однос кон музиката, стремејќи се да ги усогласи конфликите во традиционалниот и модерниот пристап кон натпреварот меѓу учесниците од различни возрасти.
Стручното жири кое ги оценува учесниците е составено од педагози и изведувачи од Србија, Германија, Англија, Кина, Австрија, Русија, Шпанија, Словенија.