сабота, 21 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5% со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46%

сабота, 12 октомври, 2024 | 15:17
in Вести, ВЕСТИ од Македонија
Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5% со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46%

Од октомвриската плата, која што ќе биде исплатена во ноември, па се до февруарската плата, којашто ќе биде исплатена во март 2025 година наставниците и професорите ќе имаат покачување на платата од 5%, а потоа во март 2025 година ќе имаат покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаат покачување на платата помеѓу 7,5% и 10%. Ова денеска го најавија премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СОНК, Јоаким Неделковски.

Договорено е, во зависност од состојбата на буџетот и во март 2027 година да има покачување помеѓу 7,5% и 10% и исто така зависно од состојбата на полнењето на Буџетот во март 2028 година ќе има помеѓу 10% и 12,5% покачување на платата, што би значело во март 2028-та наставниците и професорите во основното и средното образование треба да зeмаат отприлика минимум 46% повисока плата од таа којашто ја земаат денес.

„Благодарам на претседателот на СОНК. За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после би рекол неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор којшто ќе биде долгорочен да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста се препелкаме па да има кризи, па да има закани ќе правиме штрајкови нема да правиме штрајкови и слично. Затоа беше многу важно ова што го постигнавме како договор, јас сум исклучително задоволен, заедно и со Министерството за образование и со Министерството за финансии, јас лично вклучен бев во овие преговори, разговори со Синдикатот на образованието, науката и културата. Така да што мислам дека се постигна договор којшто е историски во насока на подобрување на финансиската состојба на самите наставници и професори во основното и средното образование“ – кажа премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски кажа и дека се договориле со синдикатот најдоцна до февруари, Колективниот договор биде завршен, потпишан и да се има една јасна основа како понатаму ќе можеме да се развиваме и кои ќе бидат коефициентите на сложеност на работните места, бидејќи сега имаме, би рекол условно кажано, нејаснотии во тој дел, додаде премиерот Мицкоски.

ShareTweetShare
Previous Post

За прв пат во Струмица се одржаа Есенски Крос трки за ученици од I до V одделение

Next Post

Бирото за јавна безбедност од Струмица ја почна кампањата „До вас, за Вас“

Related Posts

Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со остар предмет се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија

петок, 20 јуни, 2025 | 14:02
Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи
Вести

Инклузивно детско игралиште за Дневниот центар за едукација и рехабилитација „ЕдуПрактика“ преку проект на Здружението Демократски институт за општествени и политички анализи

четврток, 19 јуни, 2025 | 22:06
Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Вести

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“

четврток, 19 јуни, 2025 | 12:57
Во понеделник ќе се прска против комарци
Вести

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:43
Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ
Вести

Фејсбук статус на „Здрава Котлина“ – НАДЛЕЖНИ

вторник, 17 јуни, 2025 | 11:12
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Вести

Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

вторник, 17 јуни, 2025 | 10:24

ТОП ВЕСТИ

Родителите на деца со попреченост бараат добивање статус на „родител-негувател“
Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за младинци
Ротарите од Струмица донираа опрема за Педијатрија во струмичката болница

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist