сабота, 19 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Мицкоски од Струмица: За неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада

сабота, 8 јули, 2023 | 23:04
in Вести, Струмица

„За неколку месеци од денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада. И за неколку месеци од денеска илјадници луѓе ќе имаат можност да управуваат со институциите во Македонија. Илјадници луѓе ќе ја имаат таа чест затоа што народот им ја дал довербата. И никогаш, ама баш никогаш не треба ниту еден од нив да заборави од каде извира нивниот легитимитет. Нивниот легитимитет извира од овој народ. И ако било кога имаат дилема, дали и малку треба да избегаат од таа оска на доверба од тој народ, се лажат, ќе се удават. Никогаш не смеете да избегате од оската на доверба на народот, бидејќи тој народ го дава легитимитетот, тој народ ви дава можност и тој народ потоа казнува. Не смееме да ги повториме грешките којшто изминатите три децении се случуваа на политичката сцена во Македонија, па да важи дека сите се исти, не се сите исти. Мора да покажеме дека не се сите исти“ – кажа во своето обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прослава 33 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Со голем број на гости, членови и симпатизери на оваа партија прославата се одржа покрај базенот „Аквариус“, тука беа и градоначалници на Василево, Босилово и Ново Село, пратениците од струмичкиот регион, членови на Советите во општините од регионот, потпретседателот на партијата, Александар Николовски. Им се обрати и претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Жан Дрвошанов.

„Општинскиот комитет е горд на своите советници во Советот на општина Струмица кои неуморно ги застапуваа нашите политики со голем број на активности за зачувување и унапредување на нашата општина. Ние ја градевме Струмица во скромните локални мандати и во тешки економски услови. Струмица и денеска се гордее со она што сме го изградиле со она што сме го направиле“ – кажа Дрвошанов потенцирајќи дека после победата на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори, кога и да се одржат, на следните Локални избори во 2025 година ќе направат промена на локалната власт и конечно, како што кажа Дрвошанов, ќе добијат можност да им покажат на струмичани дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет, има луѓе и знаење, има стратегија да ја направи Струмица подобро место за живеење за сите луѓе, не само за луѓето блиску до власта.

Немаше роденденска торта, како во изминатите роденденски прослави, но имаше разновидни колачиња, музика во живо и по официјалните обраќања следуваше коктел забавата и дружењето меѓу сопартијците и потсетувањето на 33-те години ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

СДСМ: Граѓаните на струмичките општини треба на референдум да се изјаснат дали се за отворање на рудникот кај Иловица и Штука

Next Post

Здрава Котлина: Предлогот на СДСМ за референдум за рудникот е замајување и обид за одвраќање од протести, евентуален ефект од референдум ќе има на избори

Related Posts

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко
Василево

ВИДЕО: Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

петок, 18 јули, 2025 | 21:34
Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ
Вести

Петар Спасов ќе биде кандидат за градоначалник на општина Ново Село од СДСМ

петок, 18 јули, 2025 | 21:03
СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице
Вести

СВР Струмица со информација за вчерашниот пожар во кој почина едно лице

петок, 18 јули, 2025 | 15:58
Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово
Босилово

Заменик министерката за европски прашања и директорот на Платежната агенција во посета на Општина Босилово

петок, 18 јули, 2025 | 15:25
Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули
Вести

Во Градската Уметничка галерија поставена изложба на дела од Камелија Каламерникова – ќе можете да ги погледнете во ноќните часови до 20 јули

петок, 18 јули, 2025 | 15:03
Пожар во куќа во Ново Село
Вести

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица

четврток, 17 јули, 2025 | 17:49

ТОП ВЕСТИ

Едно лице почина во пожар кој настанал во неговиот стан во Струмица
Градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село потпишаа договори со министри од Владата за реализација на проекти
Загина 33-годишен жител на Иловица – управувајќи мотор удрил во бандера

ВЕБ БИЛБОРД

Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist