сабота, 31 јануари 2026
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Министерот Спасовски со пофалби за работата на СВР Струмица: Вкупната откривачка дејност е 60%, 58% е ефикасноста кај тешките кражби, а 90% кај разбојништвата

петок, 15 декември, 2023 | 14:56
in Вести, Струмица
Министерот Спасовски со пофалби за работата на СВР Струмица: Вкупната откривачка дејност е 60%, 58% е ефикасноста кај тешките кражби, а 90% кај разбојништвата

Денеска во Кавадарци, во седиштето на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководстово на МВР оствари средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Југ, и Секторите за внатрешни работи Струмица и Велес.

На средбата присуствуваше началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов. Министерот Спасовски во изјава за медиумите истакна:

„Од она што го слушнав на денешниот брифинг за СВР Струмица – вкупната ефикасност во откривачката дејност на ова подрачје годинава бележи зголемување за 18%, споредбено со истиот период 2022 година, и изнесува 60%, наспроти ланските 42%. Тоа, главно се должи на зголемената ефикасност во делот на класичниот криминал, при што реализацијата е зголемена за 52% споредбено со истиот период лани”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој сподели статистички податоци во врска со ефикасноста на полицијата на ова подрачје под надлежност на СВР Струмица.

„Во 2023 година СВР Струмица може да се пофали и со зголемување на ефикасноста во расчистувањето на тешките кражби за 20,3% во споредба со минатата година, односно постигната е ефикасност од 58%, додека во делот на пријавени разбојништва реализирани се дури 90% од нив. Во однос на спречувањето на недозволена трговија со дрога во текот на 11-те месеци на подрачјето на СВР Струмица регистрирани се 58 кривични дела, а поднесени се 55 кривични пријави, што повторно претставува зголемување за 25 % за разлика од лани. Дополнително, четири кривични пријави се поднесени и од Законот за опојни дроги и психотропни супстанции, што е за 100% повеќе во однос на лани. Намалување од 17% е евидентирано, пак, кај нарушувањата на јавниот ред и мир, а 100% е зголемен бројот на поднесени кривични пријави на лица кои вршат бесправна сеча, транспорт и продажба на огревни дрва. Овој Сектор за внатрешни работи во текот на годинава може да се пофали со реализирани 2.261 превентивни активности, од кои 1.272 од областа на криминалитетот, 454 од областа на јавниот ред и мир и 535 од областа на безбедноста на патниот сообраќај“ – кажа министерот Спасовски.

ShareTweetShare
Previous Post

Исчезнатиот Марко на 6 декември влегол во Бугарија каде живее неговата мајка, роднини објавуваат дека е во Швајцарија

Next Post

Кривична пријава за вработен во „Национални шуми“ во Струмица за злоупотреба на службената положба и за фалсификување исправа

Related Posts

Информативен настан во Струмица: Грантови до 30% за зелена енергија за домаќинствата
Вести

Граѓаните со штети од поплавите ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за процена на штета

петок, 30 јануари, 2026 | 19:47
Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“
Вести

Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“

петок, 30 јануари, 2026 | 18:41
Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата
Вести

Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата

петок, 30 јануари, 2026 | 12:16
Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица
Вести

Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

петок, 30 јануари, 2026 | 11:33
Резултати од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ во општина Струмица
Вести

Поранешен претседател на ловечко друштво од Струмица осомничен за проневера од над 1,3 милиони денари

петок, 30 јануари, 2026 | 10:50
„Комуналец“ интервенира во Муртино – поставени пропусти за спречување поплави
Вести

„Комуналец“ интервенира во Муртино – поставени пропусти за спречување поплави

четврток, 29 јануари, 2026 | 13:51

ТОП ВЕСТИ

Градежната инспекција интервенираше: отстранети дивоизградени објекти кај „Никола Карев“
Трипуновски во Костурино: Фармерот кој го загуби стадото во поплавите ќе биде обесштетен од Владата
Доделени стипендии за талентирани основци и средношколци во општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува
СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

БЛОКАДА НА ГРАНИЦИТЕ: Превозниците од понеделник го стопираат товарниот сообраќај на девет премини

Одрон од карпа на автопатот Скопје – Велес кај тунелот „Бадар“, сообраќајот се одвива без застој

Прекинат сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица поради блокада од грчките земјоделци

НАЈАВА

Граѓаните со штети од поплавите ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за процена на штета
Советот на општина Струмица утре ќе расправа за задолжување на „Струмица Гас“, ќе носи и нови правила за финансирање на спортските клубови
Општина Струмица распиша јавен повик за поставување рекламни паноа на 40 локации за период од пет години
За утре е планиран прекин на електричната енергија во неколку населени места во општина Ново Село
Утре напладне „фрлање“ на Светиот крст во базенот „Аквариус“ во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist