Министерот за здравство Беким Сали на Фејсбук ги повика здравствените работници да се вклучат во пружањето медицинска помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.
„Ве повикувам сите кои сте спремни, да учествувате во хуманитарните акции кои се во тек во Турција после катастрофалниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во полето на медицината се непроценливи и секаква помош во вакви случаи е добредојдена. Ве повикувам, сите да се сплотиме и да ја покажеме нашата солидарност и знаење на оние на кои им е најпотребна“, напиша министерот Сали.
Заинтересираните може да се пријават на следниот линк, a за понатамошни информации ќе бидат контактирани од Министерството за здравство.