вторник, 13 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ од Македонија

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

понеделник, 13 март, 2023 | 16:34
in ВЕСТИ од Македонија
Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

Почнувајќи од април кога ќе бидат исплатени мартовските плати, најниските примања во државата ќе изнесуваат 20.175 денари. Тоа е зголемување за 12% или за 2.175 денари во однос на минималната плата која до сега изнесуваше 18.000 денари. Ова денес беше соопштено по состанокот на Економско социјалниот совет, на кој беше ефектуирано законското решение според кое минималната плата се усогласува со порастот на инфлацијата и на просечната плата во земјава што како решение беше договорено минатата година меѓу Владата, синдикатите и работодавците.

„Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 денари ќе се зголеми на 20.175 денари. Ова значи над 12 проценти зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека согласно Законот за административни службеници кој што е усогласен со Законот за минимална плата, линеарно ќе се усогласат и платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои што законите се усогласени со Законот за минимална плата.

„Со системски решенија се гради вистинско партнерство помеѓу синдикатите, работодавците и Владата и тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните“, рече Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска рече дека на седницата на Социјално економскиот совет е донесена одлуката за минималната плата за 2023 година согласно новата методологија која што беше донесена во февруари 2022 година и која што овозможува постојан раст на платите. Оваа година нето минималната плата изнесува 20.175 денари, а бруто минималната плата од март 2023 година изнесува 29.739 денари“ – кажа министерската за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Тренчевска објасни и како е дојдено до овој износ.

„Усогласувањето е 50 проценти од порастот на инфлацијата, односно на трошоците на живот и тоа изнесува 7,1 процент. Односно, трошоците на живот за 2022 година беа 14,2 отсто, утврдени од Државниот завод за статистика, што значи дека 50 отсто од овој процент е 7,1 отсто, како и порастот на нето платата во 2022 година кој што беше 10,9 проценти, односно 50 отсто од ова е 5,45 проценти“ – кажа Тренчевска, додавајќи дека минималната плата во 2023 година пораснува за 12,55%, како и дека со исплатата на мартовската плата во државата нема да има пониска основна плата од 20.175 денари.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи рече дека се радува бидејќи дојде денот кога дефинирањето на минималната плата веќе не е предмет на преговори, кавги, уцени и купување на политички поени.

„Лани се договоривме за системско решение и за нова методологија за постојан раст на минималната плата. Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани, да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани“, рече Битиќи додавајќи дека за шест години минималната плата се удвои. Ковачевски.

Претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Златко Цветковски истакна дека минатата година преку повеќе синдикални активности, почнувајќи од протести и штрајкови, успеале заедно со социјалните партнери да изнајдат решение со кое што ќе се утврди системско решение и методологија за утврдување на минималната плата. Според него ова решение можеби е најдобро во регионот.

„Не зборувам за апсолутна сума на пари, туку за решение кое што нуди зголемување на минималната плата“, рече тој, додавајќи дека од минатата година до сега, минималната плата се зголеми за 4.920 денари.

„Како синдикат сме горди, иако сме свесни дека не е доволно во времето во кое што живееме. Инфлацијата и растот на животните трошоци ни ја намалува куповната моќ, но сепак сметаме дека е добар почеток и дека е добар пат како да најдеме и да продолжиме на овој пат“, посочи Цветковски, повикувајќи ги работодавците, како во приватниот така и во јавниот сектор, односно Владата, да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени за да не дојде до уравниловка каде што нема да има силно мотивирани работници, туку ќе има работници кои ќе се споредуваат едни со други за тоа колку плата земаат.

ShareTweetShare
Previous Post

Општина Ново Село ја започна реконструкцијата на постоечките патеки што водат до Колешинскиот водопад

Next Post

Одбојкарите на „Струмица Никоб“ триумфираа на гостувањето кај „Шкендија“

Related Posts

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+
ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

вторник, 29 април, 2025 | 13:11
Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата
Вести

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

понеделник, 21 април, 2025 | 13:56
Почина папата Франциск
Вести

Почина папата Франциск

понеделник, 21 април, 2025 | 12:07
Во четврток во Кочани ќе бидат погребани загинатите жители на овој град од големиот пожар во дискотека
Вести

Во четврток во Кочани ќе бидат погребани загинатите жители на овој град од големиот пожар во дискотека

вторник, 18 март, 2025 | 15:26
Александар Илиев за „дискотеката на смртта“: Веројатно имало пропуст од вработени во ДПИ, МВР и општината
ВЕСТИ од Македонија

Александар Илиев за „дискотеката на смртта“: Веројатно имало пропуст од вработени во ДПИ, МВР и општината

понеделник, 17 март, 2025 | 18:23
Таравари: Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри
Вести

Таравари: Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри

понеделник, 17 март, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“
Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist