Доцна вечерва градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев информира дека пукна главната водоводна цевка која носи вода од браната „Иловица“ до Филтер станицата „Иловица“.
„Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до Филтер станицата кој е во надлежност на АД Водостопанство „Струмичко поле“ Струмица. Екипи од „Струмичко поле” со помош на вработените од ЈПКД „Огражден“ Босилово веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот и повторно обезбедување вода за Филтер станицата Иловица“, стои во објавата на градоначалникот Манчев.
Поради комплексноста на дефектот во текот на утрешниот ден, (сабота, 13 јануари) без вода ќе бидат сите населени места кои користат вода од системот „Иловица“.