Синоќа околу 20:00 часот на раскрсницата од улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „Априлиа“ со германски национални ознаки, управувано од малолетно лице од Струмица, информираат од Струмичката полиција.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во струмичката болница, а увид на меастото извршила екипа на Полициската станица Струмица.