понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Максим Димитриевски својата претседателска кампања ја заврши во Струмица

понеделник, 22 април, 2024 | 22:04
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Максим Димитриевски својата претседателска кампања ја заврши во Струмица

Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски својата предизборна кампања ја заврши во Струмица. Тој им се обрати на струмичани на митингот што се одржа пред влезот во големиот градски парк, пред Споменикот на Револуцијата, ја побара нивната поддршка и ги повика во среда да го заокружат бројот 7 на гласачкото ливче.

„Се собравме тука за да им кажеме на сите оние кои триесет години во круг не вртат дека гладни и желни за власт, заборавија на народот и едноставно ги интересираат неколку нешта. Тоа е личниот профит, стабилност за нивниот дом и да го згазат граѓанинот во целост. Ние сме сведоци на такви политики, доаѓаат како волци во јагнешка кожа, се претставуваат како наивни и спонтани, а на крајот го покажуваат своето лице. А тоа Струмица најдобро го знае“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека во духот на позитивната кампања што ја води сака не да зборува за нив, туку за реалноста.

„Ние живееме во држава којашто тие сакаат да ја трансфомираат во приватна сопственост, а ние сакаме да ја одбраниме со и за граѓаните“.

Димитриевски потенцира дека оние што повеќе од 20 години се постојано во власта, со едните или со другите ја запоседнаа власта, и законодавната и извршната, а сега и судската.

„И доживеавме вчера во главниот град, во Скопје да ни веат бајраци на туѓи држави и да скандират УЧК, УЧК. А при тоа целата наша политичка елита и од позиција и од опозиција да молчи и да не смее глас да крене. Што ти била цената на власта и на позицијата да се направи калкулација и математика за да се трча по гласови во втор круг, ама затоа главата ќе се ведне и кичмата ќе се свиткува. Е па Максим тоа нема да го прави!“, рече тој и порача: „Треба да му е јасно на господин Ахмети дека си поигрува, со таквите зборови раѓа голема фрустрација кај македонскиот народ. Ние сме можеби трпелив народ, но имаме достоинство.Тоа што нашите самопрогласени политички лидери, немаат ниту доблест ниту храброст макар да му кажат дека во една држава што ја градиме заедно нештата не смеат да одат така. Особено не од партијата којашто сака наводно заедно со мојот противкандидат Бујар Османи да не внесе на голема врата во Европа. Ахмети не смее да си дозволи да си игра со соживотот. Може да го рани Мицковски со бисквити, а тој да голта и да жвака, но има во оваа држава достоинствени луѓе, патриоти, кои не можат да го гледат тоа“.

Димитриевски рече дека сакаат да градат убава и позитивна историја, за македонскиот народ и за сите заедници коишто живеат тука.

„Ние сакаме да ја гледаме Македонија каде и е местото во Евроатланскиот сојуз, но при тоа почитувајќи го нашето достоинство, интегритет, македонскиот јазик, култура, самобитност, сопствената историја и се она што е македонско. Затоа што оваа Република Македонија ја изградиле нашите претци, Македонците. И верувајте ми ќе ја одбраниме и со зборови, но ако е потребно и со дела“, рече Димитриевски.

Потенцира дека треба да имаат на ум дека во Македонија е родена нова политичка сила, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија која е од народот со народот и ќе работи за народот. Караванот на Димитриевски денеска беше и Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село.

Пред Димитриевски се обрати носителот на листата за пратеници на Движењето ЗНАМ во Изборна единица 4, Миле Цеков кој ги повика своите сограѓани да го поддржат Максим Димитриевски за претседател ма Македонија заокружувајќи го бројот 7.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска во Македонија се одбележува Денот на поштенските работници – во Струмица скромно со доделување признание на вработени

Next Post

Струмичките одбојкари во третата пресметка со Штип УГД се на чекор до освојување на Шампионската титула

Related Posts

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03

ТОП ВЕСТИ

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist