Македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески кој минатата година одржа концерт како дел од музичкиот проект „Македонисимо“ во Секирник, родното село на неговата мајка, од денеска е почесен граѓанин на општина Босилово.
„Честа и задоволството е обострано и големо. Мило ми е што еден голем Македонец, голем родољуб, светски признат и почитуван уметник, како Симон Трпчески, е дел од нашата локална заедница. Да се надеваме дека во иднина ќе имаме можност уште еднаш да го видиме Симон Трпчески на концерт во нашата општина“ – вели градоначалникот на оваа општина, Ристо Манчев.
Признанието, во присуство на неговото семејство му го врачи градоначалникот Ристо Манчев во зградата на Општина Босилово.