Четврток, 1 Јуни 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ од Македонија

Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган

Сабота, 15 Април, 2023 | 11:04
во ВЕСТИ од Македонија
Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган
Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган
Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган
Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган
Македонска државна-црковна делегација во Ерусалим – вечерва ќе го донесе Благодатниот оган

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската Православна црква Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.

На овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји.

Во пресрет на овој историскиот настан за македонската држава, нејзините граѓани и за МПЦ-ОА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Ерусалим рече дека му причинува чест и задоволство што ја предводи делегацијата на македонската Влада и на Македонската Православна црква – ОА којашто за прв пат ја има честа да го преземе Благодатниот оган директно од Ерусалим.

„Ова е историски чин кој се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, ова е прва година во којашто директно од Храмот со благослов на Патријархот Ерусалимски, ќе можеме да го преземеме огнот и да го однесеме во Македонија.

Секако дека е ова значајно за верата, значајно е за државата, за нашите граѓани, значајно е за нашата црква која веќе се вбројува во големото православно семејство“, изјави Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека македонската делегација синоќа присуствуваше на вечерната служба и рече – „нашата црковна делегација беше дел од сите црковни великодостојници овде во Ерусалим, се поклонивме на гробот на нашиот Бог Исус Христос и мислам дека е укажана голема чест и на државата и на македонскиот народ, на граѓаните кои живеат во нашата земја и секако на МПЦ-ОА“.

Како член на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што оваа година за прв пат нашата држава ја има честа директно да присуствува на церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ директно од Ерусалим.

„Прв пат имаме шанса директно да го однесеме дома Благодатниот оган, во нашата држава, да го предадеме во МПЦ, и потоа, тој оган ќе продолжи да ни ги осветлува и домовите и храмовите во текот на целата година. Со државата Израел ние досега имаме плодна соработка, не само на полето на културата, туку на полето на образованието, а се надевам дека таа соработка и понатаму ќе продолжи. Многу често соработуваме со државата Израел, со сите коишто имаат желба со нас да разменат искуства. Да продолжиме да учиме едни од други, да учиме не само во областа на религијата, туку да учиме и во областа на културата, да учиме за хуманоста за човештвото, за победата на животот и за тоа како да бидеме подобри во она што го правиме на секојдневна основа“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска во пресрет на големиот чин за православните христијани.

Македонската државно-црковна делегација присуствуваше на утринската богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил. Во пладневните часови е најавена церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Приведен дилер во Струмица, пронајден кокаин

СЛЕДНА ОБЈАВА

Веста за Христовото воскресение на полноќ во Струмица ја соопшти Епископот Јаков

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи
ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

Петок, 26 Мај, 2023 | 08:43
Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
ВЕСТИ од Македонија

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Среда, 24 Мај, 2023 | 06:39
Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов
ВЕСТИ од Македонија

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

Понеделник, 22 Мај, 2023 | 10:16
Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство
ВЕСТИ од Македонија

Владата усвои препораки за подигнување на безбедноста во училиштата и справување со врсничкото насилство

Вторник, 16 Мај, 2023 | 18:16
За една година мора да се направи промена на регистарските таблички од „МК“ со ознаката „NMK“
ВЕСТИ од Македонија

Нема да се менуваат регистарките таблици со „НМК“ ознака, ќе се стават само налепници на постојните таблици

Вторник, 16 Мај, 2023 | 16:58
Денеска е Ѓурѓовден – Честита слава и именден
Вести

Денеска е Ѓурѓовден – Честита слава и именден

Сабота, 6 Мај, 2023 | 07:51

ТОП ВЕСТИ

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
„Вознемирена земја“ во ко-авторство на струмичанката Кумјана Новакова номиниран за награда за најдобар документарен филм на Doc Alliance

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist