Македонската експедиција во која е и струмичанецот Благој Ѓузелов денеска во 09:00 часот по локално време го освоија врвот Island Peak (6165m), познат како Imja Tse, во близина на Лотце и Ама Даблам, објавија од Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица.
Благој Ѓузелов е третиот струмичанец кој го искачи еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во далечната 1989 година и во 2009 година Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоиле врвот Island Peak.
Благој Ѓузелов е искусен планинар, ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експидиции во Франција, Италија, Турција, Иран.