Сабота, 1 Април 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ од Македонија

Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Понеделник, 6 Февруари, 2023 | 21:36
во ВЕСТИ од Македонија
Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата попладнево одржа вонредна седница со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети.

Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од Министерството за надворешни работи, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, ги донесе следниве заклучоци:

  • Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
  • Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција.
  • Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош.
  • Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови.
  • Се препорачува, Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи.
  • Се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за надворешни работи, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.  

Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.

Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.

Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана – Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Младиот Турчин Хакан Акгул е најново засилување за ФК „Академија Пандев“

СЛЕДНА ОБЈАВА

Завршна конференција од проектот „Заедно кон родово одговорни заедници“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран
ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран

Петок, 31 Март, 2023 | 09:12
Пензионерите утре на сметките ќе ја добијат втората исплата на финансиска поддршка заради кризата
ВЕСТИ од Македонија

Од денеска почна исплатата на пензиите за месец март зголемени за 8,4%

Вторник, 28 Март, 2023 | 15:16
Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари
ВЕСТИ од Македонија

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

Понеделник, 13 Март, 2023 | 16:34
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Временска прогноза за утре: Пороен дожд, грмежи и ветер

Четврток, 9 Март, 2023 | 20:21
Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари
ВЕСТИ од Македонија

Почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари

Понеделник, 6 Март, 2023 | 11:51
Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб
ВЕСТИ од Македонија

Обврска за регистрираните производители на леб да го произведуваат и ставаат во промет белиот и полубелиот леб

Петок, 3 Март, 2023 | 09:41

ТОП ВЕСТИ

Голем успех во Хрватска на учениците – готвачи од струмичкото училиште „Димитар Влахов
Струмица ќе собира искуства од Љубљана за градскиот транспорт, третманот на бездомните животни, но и за рециклирањето на отпадот
„Струмица Никоб“ го освои пехарот во македонскиот одбојкарски Куп

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица Се издава деловен простор на плоштадот во Струмица
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници
Фирма за производство на мебел бара работници Фирма за производство на мебел бара работници
„БЕНЗОИЛ“ вработува „БЕНЗОИЛ“ вработува
„Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот „Престиж“ бара фризер, физиотерапефт, како и девојка што има желба да го изучува занаетот
Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица Нова фирма бара работник за нов Салон за продажба на мотори во Струмица
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка

ВЕСТИ од Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен студен бран

Од денеска почна исплатата на пензиите за месец март зголемени за 8,4%

Минималната плата поголема за 12%, сега изнесува 20.175 денари

НАЈАВА

Во вторник прекин на електричната енергија во Индустриска зона „Север“ – еве кои фирми 3,5 часа ќе се без електрична енергија
На роденденот на Антон Панов ќе биде промовирана неговата книга „Мисли и размислувања“
Трчаме со Николчо од Струмица до Дојран
На 7 април Иван Котев ќе ја промовира книгата „Наведе́ се с’нце да зајде“
Претстава „Циркус Пирандело“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist