Вечерва во спортската сала „Парк“ во Струмица Македонските одбојкари со 1:3 (23-25, 25-14, 19-25 и 22-25) во сетови, беа поразени од Естонија во првиот натпревар од Европската златна лига.
Капитенот Никола Ѓоргиев беше најдобар во нашиот состав со 19 поени, Стојан Илиев имаше 17 поени, а по осум поени освоија Милев и Савовски. Кај Естонците најдобар беше Тепан со 16 поени.
Македонија во недела го игра вториот натпревар во Струмица од Европската златна лига против Чешка со почеток од 20:15 часот.