сабота, 17 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

„Македонисимо“ од Секирник

недела, 27 август, 2023 | 10:34
in Босилово, Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
„Македонисимо“ од Секирник

И селата можат да бидат центар на големи музички настани, да донесат големи музички ѕвезди, да соберат многу народ, не само од селото, туку од целиот регион. Синоќа сите патишта водеа кон Секирник во општината Босилово, каде предпразнично се одржа големиот концерт на маестро Симон Трпчески – „Македонисимо“.

Симон Трпчески, миленикот на Британската кралица, како што го најави во една прилика на „Златна Буба Мара“ Игор Џамбазов, по многуте концерти низ светот со „Македонисимо“ и лани пред Богородица во родното село на татко му, Збажди, на планината Караорман, синоќа и во родното село на мајка му, Секирник направи едно прекрасно уживање со традиционалната македонска музика, преку транскрипции направени од Панде Шахов.

Жителите на Секирник не паметат толку многу народ да дошол во нивното село на еден концерт создаден од големиот пијанист, кој одржува концерти низ големите градови низ светот со своите колеги Александар Краповски – виолина, Хидан Мамудов – кларинет, саксофон и кавал, Александар Сомов – виолончело, Влатко Нушев – удиралки, а синоќа во Секирник во изведбата на „Македонисимо“ им се придружи и струмичанецот Сашо Митев, кавалџија во „Танец“.

Изведбата на „Македонисимо“ во дворот на училиштето „Кирил и Методиј“ во Секирник за Симон Трпчески беше посебно емотивно доживување, оти овој македонски проект, по светските изведби си дојде дома, каде што се неговите корени. Таа традиционална македонска музика потекнува токму од селата, создадена со векови од македонскиот народ.

„Овој концерт беше моја дамнешна желба. Еден ваков проект кој укажува на длабоките корени на македонскиот народ, мислам дека нема поосоодветно место отколку да се свири во села, од каде се раѓа сета енергија и целото богатство. Секирник и струмичката околија имаат исклучително важно место во историјата на Македонија и буди огромни чувства кај мене и сите колеги од пректот „Македонисимо“. Овој проект ги отсликува традицијата, корените на нашата држава и нашиот народ, бидејќи имаме со што да се гордееме и да не се плашиме да го покажеме во светот“, кажа Трпчески.

Концертот во Секирник беше дел од манифестацијата „Босилово културно лето 2023“ во организација на Општина Босилово. Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев рече дека со вакви концерти се будаат селата и животот во нив.

„Симон Трпчески ја покажа неговата љубов кон македонската песна, неговиот однос кон своите корени, семејството, својот народ. Тој ги импресионира младите од овој регион дека со многу работа и со талент може да се постигне многу, независно кој си и од каде си“, кажа градоначалникот Манчев.

Со концертот во селото Секирник, Симон Трпчевски и официјално ја стартува балканската турнеја на „Македонисимо“ што ќе трае до октомври, а ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Романија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Изгоре викендица, гореше стрниште, депонија, сува трева

Next Post

Три млади момчиња од Кочани повредени откако со автомобил „Опел астра“ излетале од локалниот пат Банско – Моноспитово

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist