Познатиот ликовен уметник од Струмица, Александар Филев попладнево на својот Фејсбук профил објави свое дело – слика со димензии 100х80см, за продажба по цена од 30.000 денари.
„Тој што ќе ја купи сликата сумата ќе треба да ја уплати на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на Македонија: 300000001327266 Комерцијална Банка (со назнака: помош за населението во Турција и Сирија), а сликата ќе може да си ја подигне од моето атеље“, напиша Филев.
За еден час по објавата сликата се продаде за 30.000 денари, а парите уплатени на сметката на Фондот за солидарност.
Слика продава и неговата сопруга, ликовниот уметник Ана Филев – „Охридска куќа“ со димензии 100х70см (масло на платно) по цена од 30.000 денари. Тој што ќе ја купи, сумата исто така ќе треба да ја уплати на Фондот за солидарност наменет за настраданите во Турција и Сирија.