Во почетокот на февруари во 1904-та година селото Куклиш, кај Струмица било запалено од страна на турскиот аскер. Во оваа злосторство на Турците биле убиени 70-тина жители на селото, многу жени биле силувани, а голем број семејства останале без своите домови.
Причина за опожарувањето била потрагата по војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски, кој се претпоставува дека бил предаден, па по него се упатиле повеќе стотици туски војници. Војводата со помош на селаните побегнал, а за казна Турците им го запалиле селото.
Низ историјата, селото Куклиш три пати било запалувано, во 1831-та година, во 1904-та и пред 112 години.
По тој повод, во присуство на членови на Советот на општина Струмица, на Сојузот на борците, на политички партии и жители на Куклиш, денеска пред Спомен костурницата во селото се одржа Панихида за паднатите жртви, а беше положено и свежо цвеќе.