Културно-уметничкото друштво „Боро Џони“ и Вокално-инструменталниот ансамбл „Распеани струмичани“, кои функционираат во рамките на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица, објавија оглас за прием на нови членови. Единствен услов за прием е љубовта кон традиционалната култура, кон играорството и музиката.
Огласот за пријавување е отворен до 1 октомври 2025 година.
Лица за контакт:
Боби Ѓошиќ – 075 300 703 – за „Распеани струмичани“
Васил Пандев – 071 239 771 за КУД „Боро Џони“
Пробите за играорната секција при КУД „Боро Џони“ се секој вторник и четврток во 18:30 часот.
Пробите за „Распеани струмичани“ се, исто така, секој вторник и четврток од 20:00 часот.