СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.С.(34) од село Муртино, општина Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според соопштението од СВР Струмица, на 12.02.2023 година пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео порака во која упатил закани кон полициски службеник, кој претходно презел службени дејствија против пријавениот во кривично-правен настан.