понеделник, 30 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Кривична пријава против правно лице од Струмица и петмина вработени во Министерството за финансии за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“

среда, 9 октомври, 2024 | 20:17
in Вести, Струмица
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител во правното лице, поради постоење основано на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Н.М.П.(40), О.С.С.(49), О.Н.(54), сите од Скопје, вработени во Министерството за финансии, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.Т.(63) и М.С.(45), двете од Скопје, вработени во Министерство за финансии, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Во периодот од 13.07.2022 до 06.08.2024, пријавениот Д.Ј., на управител на правното лице, изготвил лажна исправа – Банкарска гаранција, наводно издадена од една банка. После тоа, банкарската гаранција ја приложил како вистинска во Министерството за финансии, во врска со добиената лиценца за приредување на игри на среќа, во која е предвидено дека приредувачот на игри на среќа за обезбедување на исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа, плаќање на јавните давачки утврдени со закон, како и за надоместоците и посебните давачки е должен да депонира депозит или да обезбеди банкарска гаранција и во рок од 15 дена од приемот на лиценцата, во истиот рок да го достави доказот за депонираниот депозит или банкарската гаранција до Министерството за финансии.

Пријавената Н.М.П., во својство на советник за системот на осигурување, и покрај тоа што знаела дека барањето не е доставена во законски предвидениот рок, без да ја архивира со приемен печат и без да изврши контрола на соодветноста на банкарската гаранција, ја депонирала во предметот како вистинска. О.С.С., раководител на Одделение за игри на среќа и за забавните игри, без да ја провери соодветноста на доставената банкарска гаранција ја проследила без приемен печат до Л.Т., која во својство на раководител на Сектор за финансиски систем во Сектор за финансиски систем и потоа М.С. во својство на Државен советник за прашања од финансискиот систем, со пропуштање на должен надзор, го одобриле проследувањето на лажната банкарска гаранција до О.Н., државен советник за јавна внатрешна финансиска контрола, која била должна да изврши проверка на предметите кои се доставуваат во Сектор кабинет за потпис од Министерот за финансии, Заменик министерот за финансии и Државниот секретар, а кои се во надлежност на Секторот за финансиски систем, во делот на издавање на лиценците за приредување на игрите на среќа во обложувалница, автомат клуб, казино и томбола од затворен тип.

Со наведените дејствија пријавените лица предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32.000 евра и му овозможиле на правниот субјект да ја користи добиената лиценца и да се стекне со противправна имотна корист од 13.489.952 денари.

ShareTweetShare
Previous Post

Одржан состанок со стопанственици од струмичко во врска со настанатите проблеми при реконструкција на патот Струмица – Дабиле

Next Post

Приведен криминалец од струмичко осуден на три години и шест месеци казна затвор

Related Posts

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Вести

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

понеделник, 30 јуни, 2025 | 20:04
Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан
Вести

Новата струмичка болница наскоро ќе биде пуштена во употреба – кабелот до трафостаницата е поврзан

понеделник, 30 јуни, 2025 | 15:23
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче
Вести

Претрес во струмичко, пронајдена марихуана кај 18-годишно момче

понеделник, 30 јуни, 2025 | 13:26
Гореше голема површина со сува трева, папрат и дрвја над селото Габрово
Вести

Викендот струмичките пожарникарии интервенирале на седум локации – најмногу кај запалени депонии

понеделник, 30 јуни, 2025 | 11:19
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Утрово почуствуван земјотрес во струмичко со јачина од 3.5 степени

недела, 29 јуни, 2025 | 06:27
165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев
Босилово

165-годишната историја на училиштето во струмичко Робово овековечена во нова книга на Иван Котев

петок, 27 јуни, 2025 | 17:21

ТОП ВЕСТИ

Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата
Од 1 јули се воведува забрана за движење во шумите
Копачките на познатиот фудбалер Роберто Баџо, тркачкиот велосипед „Пинарело“ на показ пред струмичани во Градската галерија

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist