И годинава повторно, а во пресрет на 120-годишнината од големиот македонски празник Илинден, од селото Радово, општина Босилово, осум јавачи тргнаа кон славното Крушево и ќе бидат дел од традиционалниот Илинденски марш кои ќе се приклучат на коњаниците од другите делови на државата.
Од Радово поминаа низ Струмица, се поклонија пред споменикот на претседателот Борис Трајковски во големиот градски парк, продолжуваат кон Бигорскиот манастир, таму ќе се спојат со Бигорската коњаница и една коњаница од Битола. Од таму трите коњаници тргнуваат на пат кон Крушево, каде на 31 јули ќе се спојат заедно со Кичевската и Скопската коњаница и уште една коњаница од Битола.
Утрово пред заминување тие присуствуваа и на службата што се одржа во Црквата „Свети Пророк Илија“ во Радово, а пред тргнување добија и благослов од нивниот свештеник. Среќен пат им посакаа и градоначалниците на општините Босилово, Ново Село и Василево, Ристо Манчев, Ѓорѓе Божинов и Славе Андонов.