недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Костадинов: Проектот „Струмица – Паметен Вело град“ се реализира согласно европските стандарди

вторник, 21 март, 2023 | 14:26
in Вести, Струмица
Костадинов: Проектот „Струмица – Паметен Вело град“ се реализира согласно европските стандарди

Како дел од проектот „Струмица – Паметен Вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје. Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и раководителот на Одделението за Меѓународна соработка и европски фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот кој го раководи проектот, извршија обиколка на локациите на веќе изведените велосипедски патеки.

„Од средина на септември 2022 година на различни локации низ градот се изведуваат градежни работи, дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“. Од започнувањето со реализација, во фаза на градба беа 3 делници: Градски парк Струмица, улица „24-ти Октомври“ и булевар „Ленинова“, каде беа изведени велосипедски патеки и беше поставена хоризонтална сигнализација. До овој момент, со мал број на исклучоци, реализацијата го следи динамичкиот план за работа. На терен, во од се решаваат сите евентуални предизвици, кои се исклучиво од технички карактер, пред сé, внимавајќи да се запази во целост проектната документација. Од следниот месец се продолжува со етапна изведба и градежни работи на булевар „Маршал Тито“, на булевар „Гоце Делчев“ како и на останатите делници планирани во проектот. Првата фаза од изградбата на велосипедската инфраструктура ќе ја заокружиме на почетокот на месец јуни, на светскиот ден на велосипедот, за кога планираме да го одржиме вториот фестивал посветен на љубителите на велосипедизмот“ – кажа Ѓоко Ристовски.

До сега изведени се велосипедски патеки, со вклучена хоризонтална сигнализација, во вкупна должина од 3.500 метри.

„Денес со тимот кој го раководи проектот “Струмица – Паметен Вело град“, извршивме увид во спроведувањето на градежните работи и од тоа што можев да го увидам, задоволен сум од интензитетот и динамиката на спроведување на активностите. За фактичката изведба на терен добив уверување дека реализацијата е во согласност со проектната документација и согласно сите европски стандарди, како од аспект на техничка изведба и квалитет, така и од аспект на еколошка и заштита на животната средина. Како општина, континуирано поставуваме високи цели во поглед на квалитетот на живот, преку следење на светските трендови, целејќи кон заштита на животната средина и примерите на најразвиените ЕУ градови кои ја охрабруваат примената на „почист превоз“. Во оваа насока, ни претстои реализација на уште два нови проекти. За љубителите на рекреативниот велосипедизам, во градскиот парк во Струмица ќе започне изградбата на памп-трака, додека за љубителите на планинскиот велосипедизам ќе започне уредување на мал вело парк на ридовите над градот“ – кажа градоначалникот Костадинов.

Како дел од насоченоста на развој на Струмица како град – пријател на велосипедите, општина Струмица и оваа година продолжува со спроведување на конкретни активности за поттикнување користење велосипед како превозно средство. За таа цел, за жителите на општината, на официјалната веб-страна на Општина Струмица објавен е јавен повик за субвенционирано купување на велосипеди. Воедно, во рамки на долгорочната стратегија на Општина Струмица за урбана мобилност, во најава е поставување паркинзи за велосипеди по должината на велосипедските патеки и на други јавни места. Со овој чекор, паркирањето велосипед во целокупното централно градско подрачје ќе биде многу полесно од паркирањето автомобил.

Со имплементацијата на ваков вид активности, Општина Струмица работи кон унапредување на велосипедската инфраструктура во Струмица и зголемување на урбаната мобилност, истовремено развивајќи го градот по урнек на голем број современи европски градови.

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен 33-годишен жител на Струмица, кај кого при претрес е пронајден опиум

Next Post

Во Струмица одбележан светскиот Ден на лицата со Даун синдром

Related Posts

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist