четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Костадинов прашува зошто власта ја блокира изградбата на патот Струмица – Дабиље, од ЈП за државни патишта одговорија дека имотно правните односи се решени

среда, 5 март, 2025 | 18:23
in Вести, Струмица
Костадинов прашува зошто власта ја блокира изградбата на патот Струмица – Дабиље, од ЈП за државни патишта одговорија дека имотно правните односи се решени

ФОТО: Дрнка.мк

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денеска на прес конференција ја праша власта зошто се блокира реконструкцијaта на патот Струмица – Дабиље. Како што кажа градежните оперативи и на ЈП за државни патишта и на Општина Струмица, како и на ЕВН не може да работат, бидејќи не се завршени имотно првните односи за одделни парцели. Костадинов потенцираше дека согласно потпишаната спогодба, таа обврска ја превзело ЈП за државни патишта, објави Дрнка.мк

„Оваа спогодба, Општина Струмица ја има потпишано со Јавното претпријатие за државни патишта кое е под ингеренции на Министерството за транспорт и врски, а кое требаше целосно да ги реши сите имотно-правните односи за потребното земјиште. Но, од кога е потпишана спогодбата, експропријацијата не е решена, а со тоа ниту нашиот изведувач на Општина Струмица, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН кој што треба да направи дислокација на одредени столбови, не можат да работат заради незавршени имотно-правни односи“ – кажа Костадинов кој запраша кој и зошто ја блокира Општина Струмица.

Од ЈП за државни патишта за Дрнка.мк одговорија дека Општина Струмица требало да обезбеди пристап до сите објекти долж трасата, но општината имало обезбедено само за дел од објектите.

„ЈПДП има и официјални дописи со кои се обраќаме до општината за надминување на проблемот, а во моментов онаму каде што се завршени експропријациите има доволен фронт за работа. Имено, проблемот со експропријацијата беше заради тоа што голем дел од објектите беа под хипотека на банките и мораше да се добие согласнот и од нив за да се изврши експропријацијата. Имотно-правните односи беа решени уште пред десетина дена со што се создадоа услови да се започне со градежни активности. Минатата недела тимот на ЈПДП беше на увид и испрати покана и до општината, но тие не се одзваа на нашата покана“ – стои во одговорот од претпријатието.

Преземено од: www.drnka.mk

ShareTweetShare
Previous Post

Гореше дива депонија со непознати материјали во близина на новиот булевар „Братство Единство“ во Струмица

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Го повикуваме Костадинов да престане со банални изјави и објави на социјални мрежи

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist