четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Костадинов: Од Гоце Делчев треба да учиме како во денешни услови да се однесуваме кон татковината

вторник, 4 февруари, 2025 | 15:39
in Вести, Струмица
Костадинов: Од Гоце Делчев треба да учиме како во денешни услови да се однесуваме кон татковината

?????

„И покрај прераната смрт на Гоце Делчев тој останал со своето дело да живее до ден денешен. А ќе живее и за век и векови. Тој беше и тој останува позициониран на највисокиот пиедестал од нашата историја во која цела една плејада родољубци дадоа свој голем и несебичен придонес за денешната слобода, самобитност на нашата македонска татковина. Во името на таа слобода, најсветото нешто по кој тежнее секој човек е револуционерниот поход на Делчев, бил исполнет со помислата дека подобро да се умре на нозе, отколку да се живее на колена. Од таквите негови размислувања, од неговата љубов кон татковината и од непоколебливоста во извршувањето на херојските потфати треба да учиме како во денешни услови да се однесуваме кон татковината и кон сите со кои споделуваме добро, но и зло под оваа наше македонско небо“ – кажа во своето обраќање градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов на свеченоста која се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“ пред големиот споменик на великанот, а по повод денешниот ден, 153 години од раѓањето на Апостолот на македонското револуционерно движење за ослободување од турското ропство, Гоце Делчев.

Костадинов во својот говор говореше и за животниот пат на Делчев, кој загина млад на 31 година, за неговото семејство, за неговите борби, за неговото убиство на 4 мај 1903 година, но и за неговите активности во Струмица за кои има сведошта, меѓу кои е и стариот споменик во големиот струмички парк, грабнувањето на Назлам Бег, настан кој се случил во 1897 година во кој учествувал и самиот Гоце Делчев.

На свеченоста по повод роденденот на Гоце Делчев, градоначалникот Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на Советот, на Сојузот на борците, претставници на СВР Струмица, од училиштето „Гоце Делчев“ од Вељуса, претставници на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, положија свежо цвеќе пред големиот споменик на револуционерот, а рецитал за Гоце читаа ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од Вељуса.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Next Post

Во Струмица – инспекторите за животна средина денеска на терен, ќе се казнат две фирми по 9.000 евра

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist