вторник, 13 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Костадинов: Ако сме луѓе, ако сме верници, да бидеме според начелата на нашата христијанска вера

недела, 11 декември, 2022 | 15:38
in Вести, Струмица
Костадинов: Ако сме луѓе, ако сме верници, да бидеме според начелата на нашата христијанска вера

Кошаркарската ѕвезда од Струмица со интернационална кариера, кој беше дел од македонската кошаркарска репрезентација, Владо Илиевски ја доби Годишната награда за животно дело на Општина Струмица по повод патронот на градот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Годишната награда во областа на културата ја доби долгогодишниот спортски хроничар и публицист Иван Станоев, кој годинава ја објави Монографијата „100 години Фудбалски клуб Беласица – столетна фудбалска хроника“, по повод големиот јубилеј на струмичката гордост ФК „Беласица“ – 100 години од основањето на клубот.

Наградата за особен придонес и остварувања во областа на уметноста ја доби ликовниот уметник Марјан Ѕингаров, кој годинава одбележа 30 години од својата уметничка кариера. Годишната награда на Општина Струмица „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ за 2022 година како признание за посебни остварувања ја доби Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој годинава го одбележува јубилејот – 30 години од основањето на овој значаен фестивал на кој се слави актерот и неговите достигнувања, а Награда како признание за посебни остварувања во областа на културата доби и КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш, кое годинава го одбележува големиот јубилеј – 50 години од основањето на друштвото.

Мирјана Бурназ Кремшовски – солист за музички театар е добитник на Годишната награда за посебни остварување во областа на културата и уметноста, а крводарителот Ѓорги Костов е добитник на Годишната награда за хуманост, како редовен и долгогодишен крводарител со над 70 крводарувања од својата ретка крвна група „Нулта негатив“.

На свеченоста по повод патрониот празник на градот Струмица свое обраќање имаше градоначалникот Костадин Костадинов, потенцирајќи ја улогата на заштитниците Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици и традицијата во негувањето на нивните дела и љубовта кои ја имале кон Христа.

„Денес кога ни празнуваат душите и срцата во кои подигнавме храмови посветени на свештеномачениците, можеби треба да го слушнеме Божјиот глас кој ни вели да се однесуваме и да дејствуваме согласно правилата за движење по патот кој сме го одбрале. Тоа е патот на човечноста, тоа е патот на добрината, тоа е патот на соработката, тоа е патот на разбирањето, солидарноста, хуманоста, милосрдието и подадената рака. Тој пат не води до кантарот на кој се мерат нештата во животот. На едната страна од кантарот ќе ги препознаеме омразата, зависта, злото, нечовечноста и лагата, а на другата страна љубовта, човечноста во човека, добрината и вистината. И нашиот севишен Господ Бог и Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, но и сите ние донро знаеме кои нешта тежат повеќе од другите, кои нешта ни се потребни во животот, а кои се тие коишто треба да ги отфрлиме. Ако сме луѓе да бидеме луѓе во вистинска смисла на зборот, ако сме верници да бидеме верници според начелата на нашата христијанска вера. Ако сме сите Божји чеда, да бидеме послушни за сите негови совети кои секојдневно ни ги дарува тој“ – кажа во своето обраќање гардоначалникот Костадин Костадинов.

По повод празникот на градот, Општина Струмица на денешната свеченост му додели специјално признание за извонредната соработка и континуирана поддршка на Дејвид Гир, евроамбасадор во Македонија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

IN MEMORIAM: Почина поранешниот пратеник Ристо Масев

Next Post

Со емотивен говор, со треперлив глас и низ солзи, Владо Илиевски го прими највисокото општинско признание на Општина Струмица

Related Posts

МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34
Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“
Вести

Падна дрво врз автомобил паркиран покрај оградата на „монополот“

недела, 11 мај, 2025 | 21:36
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Тешко повреден мотоциклист на улиците во Струмица

недела, 11 мај, 2025 | 14:24

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist