петок, 8 декември 2023
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во музичкото училиште

сабота, 18 ноември, 2023 | 13:09
in Вести, НАЈАВА, НАСТАНИ, Струмица
Концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во музичкото училиште

Во понеделник, 20 ноември од 18:00 часот во салата на Музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, младата пијанистка Јулијана Јанев, ученичка во II година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов” Штип, во класата на проф. м-р Славчо Величков ќе одржи солистички концерт со дела од Бах, Моцарт, Мошковски, Рахмањинов, Прокофјев, Шопен…

Понеделник, 20 ноември | 18:00 часот | ООМУ „Боро Џони“ Струмица

Јулијана Јанев е родена во Струмица, во 2008 година. Пијано започнува да изучува во второ одделение, во учебната 2015/16 година во општинското основно музичко училиште „Боро Џони” во Струмица, во класата на проф. Зоран Мазнејков. Од учебната 2022/23 година своето музичко образование го продолжува во ДМУЦ „Сергеј Михајлов” во Штип, во класата на проф.М-р Славчо Величков.

Активен учесник е на пијано мастеркласови под раководство на маестро Симон Трпчески (Скопје, Македонија ), проф. Хајди Елзесер (пијанист и предавач на факултетот за музика во Детмолд, Германија), проф. Александар Сердар (факултет за музичка уметност во Белград, Србија и Академијата за музика во Љубљана, Словенија), Асами Сате (врвна Јапонска пијанистка).

Уште од самиот почеток на своето музичко образование, Јулијана се истакнува со својата исклучтелна желба да ги открие тајните на пијано изведбата. Нејзината исполнителност и посветеност на работата придонесе за краток временски период да има брз развој и да постигне високи резултати.

Има реализирано 85 настапи на бројни концерти, фестивали и натпревари во Македонија и низ Европа. Досега има реализирано три пијано рецитали (солистички концерти).

Редовен учесник е на државните натпревари и на повеќе меѓународни за млади пијанисти. Досега има освоено 32 специјални први, први и втори награди, од кои 5 први награди на државни натпревари и 27 награди на меѓународни натпревари во Милано (Италија), Белград, Шабац и Врање (Србија , Приштина (Косово), Софија (Бугарија)  итн… Во 2023 година Јулијана е добитник на апсолутна прва награда на меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов” во Штип, апсолутна прва награда на меѓународниот натпревар за камерна музика во Кавадарци, прва награда по теорија на музика на меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“во Штип.

Јулијана Јанев е добитник на престижната награда „Најдобар ученик за учебната 2017/18 година“ која ја доделува ООМУ „Боро Џони“ Струмица, а во 2022 година добива Плакета и Признание за најдобар ученик во текот на целото нејзино основно музичко образование.

Јулијана досега има настапувано на сите значајни концерти кои ги организира училиштето. Од 2016-2019 е редовен учесник на ЕПТА концертите кои ги организира македонскиот огранок на Европската асоцијација на наставници по пијано, а во 2018 година е добитник на почесна диплома за најуспешна изведба на фестивалот. Исто така Јулијана има учествувано на манифестацијата „Струмица – град на културата”, „Слободна среда” на Музичката младина на Македонија, „Светски ден на пијаното” организрано од Општинското училиште „Боро Џони“ од Струмица, „Ден на пијаното – Штип 2023” организирано од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип во соработка со Музичката Академија при УГД Штип, концерт на млади пијанисти „Голден Пијано Таленти”.

ShareTweetShare
Previous Post

При контрола на возила тројца струмичани вршеле јавен превоз без соодветна документација

Next Post

Силниот ветар во струмичко собори лимени покриви и дрвја

Related Posts

Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот
Вести

Полициски службеници во контрола на угостителски објекти во Струмица – пронајдени малолетници по 24 часот

петок, 8 декември, 2023 | 14:02
Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции
Вести

Небиу и Костадинов во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш поделија нова детска облека запленета од македонските институции

четврток, 7 декември, 2023 | 18:27
Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството
Вести

Волонтерството е значаен фактор во животот на еден млад човек — кусометражен филм на Црвен крст – Струмица по повод Денот на волонтерството

среда, 6 декември, 2023 | 21:14
„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година
Магазин

„Pull Up“, нова песна на струмичкиот рап артист Дако, трета за оваа година

среда, 6 декември, 2023 | 19:58
Професорот Кирил Барбареев го прими признанието „Св. Кирил и Методиј“ на Општина Струмица
Вести

Професорот Кирил Барбареев го прими признанието „Св. Кирил и Методиј“ на Општина Струмица

среда, 6 декември, 2023 | 17:19
Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“
Вести

Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“

среда, 6 декември, 2023 | 14:04

ТОП ВЕСТИ

Документарниот филм „Лука“ со Специјална награда од жирито на „Jeju Movie Concert Festival“ во Јужна Кореја
Млади со попреченост ѕвезди на модната писта – „Убави сме, свои сме“
Ќе се раскажува концертот на YU FOR YOU – Празник во Струмица на евергрин музиката и легендите

ВЕБ БИЛБОРД

Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели Домот за стари лица „Св. Јован“ има потреба од негуватели
Млекара ЈОКА вработува Млекара ЈОКА вработува
МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица МУЛТИХЕМ има потреба од вработување на две лица
СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица СЕ ИЗДАВА трособен наместен стан во центарот на Струмица
„Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци „Алмак“ Струмица вработува шивачки во производствениот погон за душеци
„РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници „РАЗНОПРОМЕТ АС“ Струмица има потреба од работници
СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“ СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР позади зградата „Здравец“
СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА! СЕ ИЗНАЈМУВА АТРАКТИВЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ЦЕНТАРОТ НА СТРУМИЦА!
АЛМАК вработува! АЛМАК вработува!
Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

АПЕЛ за ПОМОШ на Дениса!

НАЈАВА

Во недела и понеделник посебен режим на сообраќај кон Црквата „Свети Петнаесет“
Во среда одете на одбојка, навивајте спортски и донирајте за младиот спортист Виктор Боневски
Ковачевски, Тренчевска и Аврамовска Мадиќ денеска во посета на Струмица
На 2 декември по 7-ми пат „Убави сме, свои сме“
Третиот концерт на YU FOR YOU со Дадо Топиќ, Стефан Илиќ & Стринг квартет

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist